Мурињо бара начин како да се „откачи“ од својот сонародник

Рома сака да се ослободи од играчот од средниот ред Ренато Санчез. Португалецот е на позајмица во „римската волчица“ од тимот на ПСЖ, но Жозе Мурињо не смета на него, и сега се бара начин уште во јануари да се ослободи од фудбалерот.

Според италијанските медиуми, раководството на Рома веќе стапило во контакт со челните луѓе на ПСЖ околу можноста да биде прекината позајмицата.

Незадоволството е взаемно, затоа што и самиот играч не сака повеќе да биде во Рим. Неодамна влезе на полувремето, и беше заменет по само 18 минути игра. Потоа не беше вклучен во тимот за средбата против Наполи, а самиот Санчез ги избриша сите фотографии со дресот на Рома на социјалните мрежи.

Се вчитува...