Мурињо бесен на новата „ѕвезда“ на Фенер: Тоа е апсолутно непочитување…

Жозе Мурињо инсистираше на доведување на Џон Дуран како ново засилување за нападот на Фенербахче, но никој не очекуваше дека португалскиот стратег веднаш ќе влезе во конфликт со колумбискиот голгетер.

За волја на вистината, виновен е самиот Дуран, кој не се појавил на денешниот прв тренинг на Фенер, притоа не најавувајќи го своето отсуство. Екс-голгетерот на Астон Вила слетал во Истанбул и денеска требаше да се сретне со Мурињо и со соиграчите, кои останале непријатно изненадени од неговото непојавување во тренинг-центарот.

„Ова е апсолутно непочитување на правилата. Овие правила се пропишани децидно и важат за сите, секој фудбалер кој нема да ги почитува ќе биде казнет. Сигурно е дека ќе разговарам со Дуран… ако дојде“, прокоментира во свој стил Жозе Мурињо.

Се вчитува...