Мурињо без „влакна на јазикот“: Го знаев исходот во првенството, уште пред почетокот!

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, ги искажа своите впечатоци по поразот (0-1) од Бешикташ во турското првенство, по што неговиот тим сега е осум бода зад лидерот Галатасарај на четири натпревари до крајот, практично збогувајќи се со титулата.

Мурињо верува дека сè е дел од договорот Галатасарај да биде шампион оваа сезона.

„Исходот од првенството беше решен уште пред да започне првенството. Натпреварите што ги загубивме дома одлучија, но исходот од првенството беше јасен уште пред да започне“ – рече Мурињо по вчерашниот меч.

Темата повторно беше судењето.

„Пеналот што беше досуден, и оној што не му беше досуден на Ен Несири… Видовме колку пати не ни беше досуден пенал како денес. Уморен сум од зборување! Воопшто не заслуживме да изгубиме. Премногу ја губевме топката во првото полувреме. Во таа смисла, бевме подобри во второто полувреме. Тие се бранеа добро, нивниот голман направи добри одбрани. Успеаја да го контролираат резултатот.“

Тој не сакаше да дава изјави за својата иднина.

„Нема да зборувам за следната година бидејќи ова се внатрешни работи. Тие не се дискутираат пред медиумите. Ако има нешто во што сум многу добар, тоа е почитта што ја покажувам кон раководството на клубот и претседателот. Затоа нема да зборувам за нашите внатрешни работи тука“ – рече Мурињо.

Се вчитува...