Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо пред натпреварот против Реал Мадрид во плеј-офот во Лигата на шампионите, рече дека сака да ги елиминира од најелитното натпреварување.
Тој потоа се осврна на периодот кога беше тренер на „кралевите“. Во последно време се споменува и негов „кам-бек“, а тој ги демантираше овие шпекулации, кажувајќи дека нема ништо повеќе со Реал Мадрид.
„Му дадов се на Реал Мадрид. Некои работи ги направив добро, некои лошо, но секогаш давав се од себе. Чувствувам дека луѓето таму ме почитуваат и поради моите успеси, и поради моите грешки. Но, не сакам да преивеличувам приказни кои не постојат. Реалноста е дека имам уште една година договор со Бенфика, и дека имам откупна клаузула. Немам ништо повеќе со Реал Мадрид. Навистина би сакал да ги елиминирам од Лигата на шампионите, а на Арбелоа му посакувам да ја освои Ла Лига и да остане во клубот уште долго време“, рече Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

