Жозе Мурињо го раскина договорот со Манчестер јунајтед , односно постигна спогодба и го доби обесштетувањето од 15 милиони фунти. Сега Португалецот го очекуваат нови предизвици. Според едни информации тој е подготвен да се врати на клупата на Реал мадрид, ако Перез зимава донесе еден врвен стопер и еден напаѓач. Единствена пречка за враќањето на Мурињо на „Сантијаго Бернабеу“ може да биде капитенот Серхио Рамос и дел од соблекувалната која не е воодушевена од доаѓањето на Мурињо.
Како втора опција деновие се споменува и можноста Мурињо наместо во Реал да се врати на клупата на Интер.
„Тоа би било голема чест, но не сме преговарале. Кога ве бараат поранешните клубови, тоа е голема работа, значи дека се таправиле нешто добро. Ве викаат затоа што знаат дека вредите како личност“ – изјави Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА