Мурињо брзо одговори: „Кога некој скока како мајмун, не значи дека е мајмун“

Галатасарај го обвини Жозе Мурињо за расизам по дерби дуелот со Фенербахче во Турција, поради изјавата во која го критикуваше однесувањето на поединци од клупата за резерви на Галатасарај.

Мурињо по мечот истакна дека имало лица од клупата на Галатасарај кои „скокале како мајмуни“. Сето тоа ги налути во таборот на Галата кои преку соопштение нагласија дека ќе покренат и барање за дисциплинска постапка за Мурињо.

Па, не се чекаше долго на одговорот на Португалецот до лутиот ривал.

„Зборовите на Мурињо се целосно извлечени од контекст. Само некој кој сака да измислува тоа ќе го протолкува како расизам. Тој тоа го кажа како објаснување на реакцијата на целата клупа на Галатасарај на одлуките на судијата. Не ни е јасно зошто некој сака да манипулира. Кога за некој ќе кажеш дека ‘трча како зајак’, не мислиш буквално дека е ‘зајак’. Тоа истото важи и за зборот ‘мајмун’“ – истакнуваат од Фенербахче.

Се вчитува...