Мурињо: Честитки за Кремонезе, научив да не плачам по пораз

Рома беше шокирана во четвртфиналето од Купот на Италија откако тимот на Жозе Мурињо неочекувано загуби на домашен терен од Кремонезе со 1-2, меч на кој „волчицата“ важеше за апсолутен фаворит. Кремонезе можеби е „фенерџија“ во Серија А, но затоа на овој тим одлично му оди во куп-натпреварувањето, откако по елиминацијата на Наполи зеде скалп на уште еден голем фаворит.

Тренерот на „римјаните“ Жозе Мурињо по мечот изјави дека научил да не плаче после порази…

„Честитки за Кремонезе. Победија два тешки меча против Наполи и против Рома на гости. Тоа е чудно натпреварување кое ги зголемува шансите за тимови кои не беа во Серија А минатата сезона, како Кремонезе, или кои завршија на дното на табелата. Ова го прави нивното достигнување уште поимпресивно – тие се заслужено во полуфиналето, честитки. Ја плативме цената за страшното прво полувреме, многу лоша игра. Потоа во второто направивме индивидуална грешка. Грешката во првото полувреме се вклопи во контекст на играта, со оглед на тоа што одигравме многу лошо. Една грешка во вториот дел не чинеше втор гол. Тогаш имавме позитивна реакција, но тие се бранеа со многу бројки, а ние немавме среќа. Можевме лесно да постигнеме многу повеќе голови. Но, ние го имаме тоа што го имаме. Со текот на годините, научив да не плачам по поразот и наместо тоа да се радувам на следниот натпревар“, изјави Мурињо.

Се вчитува...