Португалскиот стратег Жозе Мурињо никогаш во кариерата го нема победено Њукасл, а не успеа ниту денеска кога со неговиот Манчестер јунајтед беше поразен (1-0) на „Сент Џејмс Парк“. Тој, се разбира, не е задоволен од изданието на „црвените ѓаволи“.
„Создадовме многу шанси, но нивниот голман Мартин Дубравка беше неверојатен. Едноставно, сите богови беа со Њукасл, а ние да игравме и уште 10 часа, немаше да дадеме гол. Тоа некогаш е така во фудбалот. Секако, не можеме да бидеме среќни, затоа што загубивме“, изјави Жозе Мурињо по поразот од Њукасл.
За Мурињо ова беше шести пораз во кариерата претрпен од Рафа Бенитез, а „специјалниот“ има загубено повеќе натпревари само од Пеп Гвардиола (девет).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА