Манчестер јунајтед загуби во Скопје од европскиот првак Реал Мадрид и остана со празни раце во дуелот од Суперкупот на Европа што се одржа во Скопје, но менаџерот Жозе Мурињо е сепак задоволен од изданието на својот тим. Тој го истакнува првиот гол на Кашемиро, кој беше постигнат од офсајд позиција, како клучен момент на натпреварот на „Телеком Арена“.
„Задоволен сум од изданието на мојот тим. Загубивме, но за тоа има повеќе причини. Реал Мадрид беше подобар во првото полувреме, но да резимираме, првиот гол беше од офсајд позиција. Со „ВАР технологијата“, ќе заминевме на одмор со резултат 0-0. А потоа ќе беше се поинаку“, истакна Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА