Мурињо денеска го напушта Истанбул: „Мора на итна операција…“

Легендарниот Жозе Мурињо не ги оправдува очекувањата на фановите на Фенербахче од кого се очекуваше да ја врати титулата во Турција во клубот.

Денеска, пак, португалскиот стратег итно го напушта Истанбул, затоа што, како што информира угледниот турски новинар Јагиз Сабунчуоглу, мора на хируршка интервенција надвор од земјата.

„Жозе Мурињо денеска го напушта Истанбул. Оди на операција надвор од земјата, како би ги надминал здравствените проблеми со кои се соочува“ – напиша Сабунчуоглу.

Деталите засега не се познати. Мурињо и по мечот со Ејупспор на комплетната екипа и даде седум дена пауза, иако јавно кажа дека тоа не го заслужиле.

„Ветив од порано, па затоа мора да го одржам зборот, инаку не заслужуваат“ – рече Мурињо.

Но, сега е јасно дека паузата следи и поради хируршката интервенција на Португалецот.

Се вчитува...