Мурињо до новинарите: Напишете ја вистината за судиите!

Манчестер јунајтед ремизираше 0-0 против Хал, што беше доволен повод Жозе Мурињо повторно да ги посочи судиите како фактор на натпреварите на неговиот тим. По казните што ги доби во текот на сезонава, Португалецот овојпат не се реши за директен напад, туку на прес-конференцијата по натпреварот побара од новинарите да почнат да ја пишуваат вистината за арбитрите.

Тој се пожали на нееднаквиот третман, откако Јирген Клоп за викање кон четвртиот судија на дербито со Челси бил пофален како „полн со страст за фудбал“, а тој за сличен престап заработи суспензија.

„Немојте да ме прашувате бидејќи веќе не можам да одговарам на тие прашања, се што имате и се што гледате, напишете го. Натпревар по натпревар, напишете што се случува на средбите што ги играме. Ако јас зборувам, ќе бидам казнет, а не сакам да бидам казнет. Гледате што се случува, средбите ги гледам од хотел, не ми се дозволува ниту да стапнам на стадион, дури и мојот помошник доби суспензија. Можеби вашата индустрија оди во друг правец, но за мене новинарството е кажување на вистината – ако гледате што се случува против Манчестер сити, Барнли, Вест хем, Стоук… работете си ја работата и напишете го она што сте го виделе. Не чекајте јас да го кажам бидејќи не можам, јас сум поинаков, за мене важат поинакви правила и закони, па затоа сум казнуван за нешта за кои други менаџери се фалени“ – изјави Мурињо.

Она што е интересно е што Португалецот само петнаесетина минути пред оваа прес-конференција јавно влезе во конфликт со новинар на СкајСпортс, задолжен за земање изјави веднаш по натпреварите во Премиер-лигата.

Ако ме прашуваш такво нешто, значи не разбираш фудбал, а ако не разбираш фудбал, не треба да го држиш микрофонот“ – одговори Португалецот на прашањето која конкретно судиска одлука го разочарала на дуелот со Хал.

Jose Mourinho by situacijeliga

Се вчитува...