Извршниот потпретседател на Манчeстер јунајтед, Ед Вудворд, е најомразената личност меѓу навивачите на клубот. Бесот поткнува уште од летово во кое најтрофејниот англиски клуб практично го преспа преодниот рок. Дополнително незадоволството се зголеми кога на Јунајтед не му тргна добро во Премиер-лигата, па пред мечот со Барнли, навивачите со огромен летечки транспарент му порачаа на Вудворд дека е „специјалист за неуспеси“.
Армијата навивачи на Манчестер јунајтед во лошиот старт на сезоната ја избра страната на фудбалерите и на менаџерот Мурињо. Екипата им возврати со тоа што успеа да се врати на победнички колосек, триумфирајќи со 0-2 на гости против Барнли.
Проблемите за Вудворд тргнаа кога во јавноста излегоа приказните дека лично тој го отфрлил целиот список на Мурињо за летни трансфер засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА