Мурињо доби нова казна, нарече судија „нестабилен“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо избегна суспензија, но Дисциплинската комисија на фудбалската федерација на Италија го казни со 20.000 евра поради тоа што го навредил судијата на мечот со Сасусоло, нарекувајќи го „нестабилен“.

Пред натпреварот против Сасусоло на 3. декември, Мурињо го критикуваше судијата Матеа Маркенаро.

„Ни судеше три пати како четврт судија, и мислам дека е емотивно нестабилен за натпревари од вакво ниво“, изјави Мурињо.

Во текот на истата прес-конференција го коментираше однесувањето на противничкиот напаѓач, Доменико Берарди, за кого кажа дека „претерува со прекршоците, за да изнуди жолт картон за противнички играч“.

Се вчитува...