Стратегот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби суспензија од еден натпревар од Турскиот фудбалски сојуз поради коментарите по натпреварот на неговиот тим со Трабзонспор.
Фенербахче славеше со 2-3 на гостувањето против Трабзон, но Португалецот уште во текот на натпреварот беше бесен поради одредени судиски одлуки на теренот. По натреварот, пак, Мурињо отворено го критикуваше фудбалското првенство во Турција тврдејќи дека се е „наместено“ во корист на Галатасарај.
Токму поради тоа доби суспензија од еден натпревар и нема да може да го води тимот против Сивас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА