Мурињо добива големо засилување: Асенсио му кажа „да“ на Фенербахче

Марко Асенсио ја прифати понудата на Фенербахче и најверојатно ќе ја продолжи кариерата во турскиот гигант под водство на Жозе Мурињо. Истанбулскиот клуб постигна договор и со неговиот клуб ПСЖ.

Според информациите во Турција, Фенербахче ќе плати 15 милиони евра за Шпанецот, а поранешниот играч на Реал Мадрид ќе добива 12 милиони евра годишна плата. „Жолтите Канаринци“ веќе го очекуваат Асенсио во Истанбул за прегледи и потпишување.

Шпанецот ја помина минатата сезона на позајмица во Астон Вила, каде што се покажа добро, имајќи 21 настап, постигнувајќи осум гола и задавајќи една асистенција. Сепак, тој не беше дел од плановите на Луис Енрике, и покрај тоа што имаше уште една година од договорот со Пари Сен Жермен. Интер и Милан исто така беа заинтересирани за него.

Се вчитува...