Мурињо добива понуда што нема да може да ја одбие

Жозе Мурињо неколку месеци наназад со успех ја води Бенфика, со овој тим обезбеди и учество во нокаут фазата од Лигата на Шампионите, но последните информации говорат дека „специјалниот“ нема уште премногу долго да остане на чело на овој португалски гигант.

Имено, името на Жозе Мурињо се споменува како главен фаворит за нов селектор на Португалија, функција што трофејниот стратег би ја презел веднаш по СП 2026. Договорот на актуелниот селектор Роберто Мартинез истекува со завршувањето на мундијалот, а раководството на федерацијата е со став дека оваа улога потоа треба да му биде предадена на домашен стратег, со Мурињо како главна желба.

Искусниот стручњак во последните години често даваше изјави дека врв на кариерата би му бил да ја води репрезентацијата на својата земја, па тешко е да се поверува дека Жозе ќе ја пропушти оваа шанса.

Неофицијално, за интересот од федерацијата се информирани и челниците на Бенфика, кои планираат доколку Мурињо се пресели во националниот тим, за негов наследник да го именуваат Рубен Аморим.

Се вчитува...