Шпекулациите околу доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Тотенхем ги прекина Жозе Мурињо. Португалецот потврди дека е близок со шведскиот ас, но оти нема смисла тој да дојде во Тотенхем со оглед дека тимот го има Хари Кејн.
„ Точно е дека сме блиски со Ибрахимовиќ. Тој е одличен играч и добра личност, но би рекол дека нема шанси да дојде во Тотенхем. Ние го имаме најдобриот напаѓач во Англија. Нема никкава смисла да го доведеме Ибрахимовиќ кога го имаме Хари Кејн“ – изјави Мурињо.
Новиот менаџер на Тотнехем и Ибрахимовиќ работеа заедно со Интер и во Манчестер Јунајтед. Швеѓанецот кому му завршува договорот од ЛА Галакси бира нова средина. Од друга стрна пак и Хари Кејн му изрази поддршка на Мурињо велејќи дека тој е вистинскиот трренер за конечно Тотенхем да освои торфеј по пауза од осум години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА