Мурињо е апсолутен рекордер во европскиот фудбал

Жозе Мурињо продолжи да испишува историја во европскиот фудбал, откако славниот Португалец го урна рекордот на Сер Алекс Феругсон по број на победи во европските купови.

Фергусон имаше зад своето име 106 победи, а Мурињо синоќа во Хелсинки стигна до триумфот број 107, што го прави апсолутен рекордер во оваа кататегорија.

Мурињо пред доаѓањето во Рома ги водеше Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, со секој од овие клубови настапувајќи во европските купови.

Жозе во својата колекција на трофеи има два пехари во Лигата на Шампионите (со Порто во 2004, со Интер во 2010), еден трофеј во Лигата на Европа (со Манчестер Јунајтед во 2017) и еден во Конференциската лига на УЕФА (со Рома минатата сезона).

Се вчитува...