Мурињо „ефект“: Пелегрини откри што ги советувал „специјалниот“

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, вели дека советите на тренерот, Жозе Мурињо, на полувремето на дуелот со Салернитана, практично ги однеле фудбалерите до нова победа во Серија „А“, па сега вкупно со шест поени се пласирани на втората позиција.

Лоренцо истакна дека паузата пред второто полувреме била клучна за победата на „волчицата“.

„Тој ни рече да го продолжиме интензитетот кој го имавме, да ја движиме топката брзо и да го бараме вистинскиот простор. Мурињо ни посочи да гледаме само од натпревар за натпревар и тоа да го правиме континуирано. Никогаш нема да зборуваме за наредниот меч“, потенцираше фудбалерот на Рома.

Се вчитува...