Мурињо: Ги контролирам моите емоции, но гледам дека другите не ги казнуваат како мене

Пред натпреварот меѓу Ливерпул и Тотенхем во Лондон, менаџерот на Спарс, Жозе Мурињо, меѓу другото, зборуваше за однесувањето на Јирген Клоп, кој во последно време вршеше голем притисок врз судиите покрај аут-линијата. Португалецот верува дека тој платил висока цена за таквото однесување во минатото, а денес многу други тренери се толерираат од страна на судиите.

Ова е можеби и така, вистина е дека Мурињо е сега многу поразличен во споредба со периодот кога беше менаџер на Челси и Манчестер Јунајтед. Нема повеќе остри приговори кон судиите, нема повеќе кавги со новинари, нема повеќе двосмислени коментари. Дури и сега имаме верзија на Мурињо кој е мирен и со кого изгледа пријатно да се разговара.

„Почувствував промена во мојот случај. Промена во контролата на емоциите, сега сум посмирен и подобро ја читам играта. Почувствував дека мора да го променам однесувањето и среќен сум поради тоа. Што се однесува до мене, не можам да зборувам за другите. Што да кажам, не се однесував добро и платив за тоа на два начина: Ги гледав натпреварите на телевизија или од соблекувалната поради тоа или добивав други казни. Имам чувство дека истото не им се случува на некои менаџери. Но, ако судијата и четвртиот судија правилно ја вршат својата работа,  се надевам дека вакви казни како и моите, ќе ги дадат и на тие што ги заслужуваат “, вели Мурињо.

Тотенхем и Ливерпул вечерва ќе ги одмерат сиилите во Лондон со почеток од 21 часот.

Се вчитува...