Мурињо ги одби Португалците, сериозно размислува за Бразил

Жозе Мурињо ja одби понудата на Португалската Фудбалска Федерација за да седне на клупата на националниот тим во својата татковина.

Откако Сантош доби отказ по неуспехот на СП токму Мурињо беше прва желба на челниците на португалскиот фудбал, кои имаа и разговори со трофејниот стратег, доставувајќи му конкретна понуда. „Специјалниот“ на крајот сепак реши истата да ја одбие, со образолжение дека има активен договор со Рома што сака да го испочитува најмалку до крајот на сезонава, а првите обврски како селектор на Португалија би ги имал веќе во март.

Според извори блиски до Мурињо, тој е заинтригиран од опцијата да стане селектор на Бразил, која ја смета за исклучително интересна, но ќе почека да добие детална понуда пред да донесе конечна одлука.

Што се однесува до Португалците, главен фаворит за нов селектор сега е Руи Жорж, кој моментно е предводник на младинската селекција на Португалија.

Се вчитува...