Психолошките игри пред градското дерби во Манчестер почнаа. Жозе Мурињо го зададе првиот „удар“ кон Пеп Гвардиола, и при тоа не испушти да му префрли и на стратегот на Арсенал, Арсен Венгер. Предводнигот на Јунајтед вели дека за разлика од неговите колеги, тој не ги лаже новинарите и јавноста кога станува збор за повредите кај своите фудбалери.
„Јас ви кажувам кој играч е повреден, кој не е. Значи, Матиќ е повреден, но ќе игра. Златан не е доволно подготвен, но ќе биде во конкуренција за тимот. Керик не е во комбинација, исто како и Баи. Се надевам дека за брзо време ќе се вратат Фелаини и Џоунс. Ете тоа е вистината, нема причина зошто да кријам или да лажам како моите колеги“, вели Мурињо.
Со други зборови Мурињо истакна дека не му верува на неговиот колега Гвардиола кога шпанскиот стратег изјавил дека можно е Сити да игра без капитенот Давид Силва на дербито.
„Тие приказни дека Давид Силва е повреден се вистинити колку и Венгер кога кажа дека Лаказет е повреден пред еден викенд. Нашите противници секогаш имаат огромни проблеми пред самиот меч, но на крајот излегуваат со комплетен состав на теренот“, додаде Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА