Аргентинецот Паоло Дибала постигна гол од пенал во 48. минута за победа на Рома над Лече од 2-1 во деветтото коло од Серија А, но набрзо мораше да го напушти теренот.
Според првите проценки повредата на мускулот е многу сериозна и најверојатно офанзивецот ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар.
„Повредата изгледа многу лошо … Мислам многу лошо. Тешко е да го видиме повторно на теренот пред 2023 година“, изјави тренерот на Рома.
28-годишниот фудбалер оваа сезона во италијанскиот шампионат запиша пет гола и две асистенции.
🚨 AS Roma coach José Mourinho: “Dybala? Difficult to see him again on a pitch before 2023.” This via DAZN.
If true, this would mean Paulo Dybala will miss the World Cup for Argentina. 🇦🇷 pic.twitter.com/qtxK0JWxwH
— Roy Nemer (@RoyNemer) October 9, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА