Мурињо ги загуби нервите па го нападна тренерот на Галатасарај по поразот во купот (ВИДЕО)

Галатасарај славеше со 1-2 на гостувањето кај Фенербахче во полуфиналето на турскиот куп.

Натпреварот како и секое дерби меѓу овие два тима го одбележаа брдо инциденти, а најголемиот беше по завршувањето на мечот меѓу двата тренери. Жозе Мурињо за нос го фати тренерот на Галатасарај Окан Бурук кој падна како покосен.

Се вчитува...