Манчестер јунајтед го договори својот прв трансфер во овој преоден рок, а не станува збор за ниту едно од врвните засилувања за кои се преговараше во изминатиот период. Не доаѓа Милинковиќ Савиќ, Фред, Алдервирелд, Бејл или уште некое од звучните имиња кои се споменуваа, туку Диого Далот, 19-годишен португалски дефанзивец од редовите на Порто.
Омилена позиција на Диого е десен бек, каде Мурињо е „најтенок“ само со Антонио Валенсија, со оглед на најавите за заминување на Дармијан, кој настапуваше на двете бековски страни, но премногу ретко добиваше шанса во последната сезона.
Младиот Португалец има клаузула од 17 милиони фунти што Јунајтед е подготвен да ја плати за воопшто да не преговара со Порто, туку директно да го донесе Диого, по договарањето на личните услови. Се очекува конечниот договор да биде постигнат во текот на утрешниот ден, по што раководството на „црвените ѓаволи“ ќе го насочи вниманието кон останатите, далеку поскапи желби на својот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА