Мурињо го кани Бејл во Рома!?

Утре Рома добива големо засилување во своите редови. Станува збор за српскиот интернационалец Немања Матиќ кој ќе треба да се приклучи на „волчицата“. Но тоа не е се.

Сензационалната вест е дека во Рим би можел да слета и досегашниот играч на Реал Мадрид, Герет Бејл. Велшанецот беше поврзуван со враќање во Кардиф, меѓутоа доколку пристигне некоја подобра понуда, сигурно дека ќе ја прифати. Самиот Мурињо се залагал левокрилниот играч да пристигне во „вечниот град“.

Апетитите на Рома се зголемија, особено по освојувањето на Лигата на Конференции, па сега идната сезона Мурињо ќе сака успех во Серија „А“, како и во Лигата на Европа каде ќе игра неговиот тим.

Се вчитува...