Мурињо го „мерка“ Ихеаначо

Фудбалерот на Рома, Еден Џеко само формалности го делат од преминување во редовите на Интер, а Жозе Мурињо сака наследник на репрезентативецот на Босна и Херцеговина да биде од Премиерлигата.

Прва желба на португалскиот стратег е Тами Абрахам за кој Рома е подготвена да издвои и до 40 милиони евра, меѓутоа Англичанецот сака да остане на „Островот“ каде постои интерес и од градскиот ривал Арсенал.

Доколку Рома не успее да го реализира овој трансфер втората опција за нов напаѓач на тимот од главниот град на Италија е фудбалерот на Лестер, Келечи Ихеаначо. 24-годишниот голгетер претходната сезона одигра 39 натпревари во сите конкуренции за „лисиците“, а постигна 19 погодоци и седум пати беше асистент за неговите соиграчи.

Се вчитува...