Тотенхем му го нанесе шестиот пораз во Премиер – лигата оваа сезона на актуелниот првак Манчестер Сити. Жозе Мурињо го надмудри Пеп Гвардиола и го врати тимот во трката за пласман во Лигата на шампионите следната година. „Спарс“ славеа со 2-0, со головите на дебитантот Стивен Бергвајн во 63.минута и на Хјонг-Мин Сон во 71.минута. Манчестер Сити играше со играч помалку од 60.минута, кога Зинченко заработи црвен картон.

„Граѓаните“ имаа одлична шанса за водство во 40.минута. По прегледување на ВАР снимката беше досуден пенал за Манчестер Сити, а Хуго Лорис успеа да го одбрани шутот на Илкај Гундоган. Гпстите го погодија и дирекот, но на крајот Тотенхем се радуваше на триумфот.
Во вториот дел, домашниот состав успеа да ја валорозира бројноста на теренот и славеше со головите на Бергвајн и на Сон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

