Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед се подготвува за „живот после Давид де Хеа“. Шпанскиот голман не става потпис за продолжување на соработката, па иако му пропадна можноста да застане на голот на Реал Мадрид, се чини дека негова следна дестинација би можел да биде италијанскиот првак Јувентус. Но, и Жозе Мурињо не седи со прекрстени раце. Тој веќе го одбра наследникот на Де Хеа за голот на „црвените ѓаволи“.
Англискиот репрезентативен голман Џордан Пикфорд треба да пристигне на „Олд Трафорд“ следното лето, доколку Де Хеа одлучи да си замине. Мурињо смета дека Пикфорд има одлични квалитети и е достоен за голманската позиција во редовите на Јунајтед. Подготвен е да плати 60 милиони фунти за ангажман на 24-годишниот голман кој е веќе стандарден чувар на мрежата на селекцијата на гордиот Албион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА