Мурињо го носи Ковачиќ во Фенербахче

Хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ е голема желба на Жозе Мурињо. Според информациите на турските медиуми Фенербахче на чело со легендарниот португалски тренер Жозе Мурињо е заинтересиран за доведување на Матео Ковачиќ.

Тие пишуваат дека „Специјалниот“ сака да го засили својот тим со хрватскиот интернационалец во Турција во пресрет на новата сезона и дека ја препознал потребата од засилувања во средината.

Ковачиќ пред една година потпиша нов договор со „граѓаните“, па останува да се види како ќе реагира на потенцијална преселба во Истанбул.

Ковачиќ се очекува да биде една од двете ѕвезди на Манчестер сити од неодамнешното евро, што ќе учествува на претсезонската турнеја на клубот во САД кон крајот на овој месец.

Се вчитува...