Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед остана без трофеи минатата сезона, и тоа дефинитивно го запали црвениот аларм на „Олд трафорд“. Менаџерот Жозе Мурињо пикира неколку засилувања за овој летен преоден рок, а едно од нив се наоѓа на „Сантијаго Бернабеу“.
Португалскиот стратег го посакува хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ, кој имаше мала минутажа во редовите на Реал Мадрид во изминатиот период. Тој исто така поскува промена на средината, па многу реално е да се очекува овој трансфер да се реализира.
Јунајтед е подготвен да плати 35 милиони евра за услугите на Ковачиќ, а за него интерес покажуваат и италијанските калчолигаши Јувентус, Милан и Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА