Мурињо го одбил Бразил бидејќи ја има понудата на соништата

Легендарниот португалски тренер, Жозе Мурињо во блиска иднина би можел да ја исполни својата долгогодишна желба и да стане тренер на португалската фудбалска репрезентација на чие чело моментално е неговиот колега Роберто Мартинез.

Актуелниот тренер на Фенербахче веќе извесно време е во игра за селекторската функција, како што навестува неговата блескава тренерска биографија.

Поранешниот тренер на Порто, Реал Мадрид, Интер, Манчестер Јунајтед и Тотенхем беше еден од кандидатите за преземање на селекторската функција во Бразил, но сепак ја одби поканата на петкратниот светски шампион.

Ваквиот развој на настаните сугерира дека конечно дојде време тој да ја преземе репрезентацијата на Португалија, а оваа информација ексклузивно ја пренесе „Си ен ен“.

Минатиот месец Португалците победија во плеј-офот од Лигата на нации во кој на 4. јуни ќе играат во полуфиналето против Германија, а веќе во септември ги очекуваат квалификациите за Светското првенство следната година.

Се вчитува...