Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја стартуваше менаџерската одисеја во Тотенхем. Тој попладнево го одржа првиот тренинг со новиот тим откако денеска беше претставен како наследник на Маурисио Покетино кој доби отказ поради слабите резултати од стартот на сезоната. Мурињо се враќа во Премиер – лигата, откако претходно мораше да го напушти Манчестер Јунајтед, исто така поради незадоволителни резултати со составот од „Олд Трафорд“.
Мурињо имаше посебен разговор со двете најголеми ѕвезди, капитенот Хари Кејн и фудбалерот за врска, Деле Али. Тој ќе дебитира на клупата на Тотенхем на гостувањето против Вест Хем в сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА