Во пресрет на утрешниот меч меѓу Наполи и Рома, Жозе Мурињо положи свежо цвеќе на местото во градот Неапол кое е посветено на аргентинската фудбалска легенда.
Мурињо имаше одличен однос со Диего Марадона, па Португалецот ја искористи можноста да му оддаде почит на својот починат пријател.
Португалецот уште еднаш го привлече вниманието на фудбалската јавност, а овојпат успеа да ги освои срцата на фановите на Наполи, откако одлучи да го посети местото на Марадона и да му се поклони на неговиот спомен.
Експедицијата на Рома е во Неапол каде вечерва му гостува на Наполи, а Мурињо денот му го посвети и на Марадона.
L’omaggio a Diego Armando Maradona 🙏❤️ pic.twitter.com/ifJ5GlDwqx
— AS Roma (@OfficialASRoma) April 17, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА