Тренерот на Рома Жозе Мурињо во свој стил го коментираше поразот од Наполи на домашен терен. Виктор Осимен им донесе победа на гостите со гол во 80. минута.
Португалецот на клупата на Рома чеситташ со сарказам победа на Наполи, а секако, неизбежен беше коментарот и за судиите.
„Сакам да му честитам на Наполи за незаслужената победа. Наполи е добар, но кога видов колку имаме жолти картони, уморни и неподготвени играчи, недостаток на опции на клупата, знаев дека тешко ќе дојдеме до победа. Во вториот дел поради замор моравме да го намалиме притисокот кон противникот. Спинацола мораше да го сопира тој ликот кој секогаш паѓа. Како се вика тој? Оној кој само лежи наоколу? Лозано! Точно!. За Ирати не сакам ништо да зборувам. Тој е добра личност, но не ми се допаѓаше како судеше. Разговарам со него после мечот, со него барем може да се разговара. Немаше добар меч, но се случува. Секој има лоши денови“, рече Мурињо.
После натпреварот Карсдорп тргна да се тепа со судијата, по што веројатно ќе заработи суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА