Мурињо го „пецна“ Пеп: Кај Сити влегуваат Алварез, Фоден и Махрез, а кај нас страдање…

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо во својата втора сезона на чело на Рома, ќе игра второ европско финале. По минатогодишното освојување на пехарот во Лигата на Конференции, со неговиот тим обезбеди пласман во Лигата на Европа, каде за трофејот ќе се бори против Севилја.

„Специјалниот“ доби жестоки критики од германските стручњаци за својата игра против Баер Леверкузен, кои го обвинија Жозе дека со антифудбал стигнал до финале, а Мурињо даде изјава со која го „пецна“ и Пеп Гвардиола.

„Единствени екипи кои не се мачат се оние фантастични тимови кои имаат на клупата играчи од 40 до 70 милиони евра. Кај Сити влегуваат Алварез, Фоден и Махрез, а кај Рома недостасуваат 4-5 играчи и веднаш страдање. Во Рома се влегува по ред, се знае кој кога влегува. Инвестиравме само седум милиони на пазарот и играме финале. Поради тоа сме неверојатни“, рече Мурињо.

Се вчитува...