Менаџерот на манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, планира да го засили својот тим и ова лето, а се чини дека најпроблематична во моментов е позицијата на последен играч за врск во средниот ред. Пол Погба сака да игра понапред, каде што е и многу поефективен, Хуан Мата исто така е многу подобар во офанзивниот дел, а Херера исто така не е вистински разбивач на играта на противничкиот тим. Бастијан Швајнштајгер најверојатно ќе го напушти „Олд трафорд“, а и Мајкл Карик е веќе во поодминати фудбалски години. Токму затоа Мурињо сака да го доведе Ерик Даер, играчот за врска на Тотенхем и англиски репрезентативец.
Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да понуди 35 милиони фунти за овој трансфер, но според првичните најави, Тотенхем бара 10 милиони фунти повеќе. Во летниот преоден рок сигурно ќе има детални преговори за одличниот фудбалер на „спарси“, а Мурињо знае дека тој значително би го подигнал квалитетот на неговата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА