Во 11. коло од турската Суперлига, Фенербахче го совлада Трабзонспор со резултат 3:2. За тимот од Истанбул стрелци беа Фред (42′), Един Џеко (75′) и Софијан Амрабат (90’+12). Двата гола домашните ги постигнаа од пенал кои им беа досудени. Најпрвин играчот на натпреварот Симон Банца погоди за 1:1 во 59. минута, а само девет минути подоцна зголеми на 2:1.
И покрај пресвртот и славењето на неговиот тим, познатиот португалски тренер Жозе Мурињо беше револтиран од случувањата на теренот.
„Не ги гледав натпреварите додека не дојдов овде бидејќи никој во странство не сака да ја гледа турската лига. Кој сака да ја гледа турската лига надвор од Турција? Тие ја имаат Премиер лигата, имаат Француската лига, Германската лига, Португалска лига, Холандска лига… Зошто би го гледале ова и јас не го гледав порано, почнав кога ме повикаа да дојдам во Турција“, рече Мурињо за турската лига, изнервиран од судењето на натпреварот.
„Ги гледав натпреварите затоа што сакав да се запознаам со моите идни играчи, мојот тим. Моето внимание не беше насочено кон натпреварите, туку на обидот да ги запознаам што е можно повеќе. Ги запознав и малку порано, ги знаев најголемите клубови во Турција, но не можев да верувам дека тоа е таа димензија’, рече „специјалниот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА