Мурињо го прашаа како го бира тимот: Фрлам парички

Жозе Мурињо продолжи со своето шоу во Турција откако на пресконференција доби интересно прашање на кое даде саркастичен одговор во свој стил.

Бидејќи постојано го менува почетниот состав новинарите беа заинтересирани како го бира тимот, а неговиот одговор ги остави во неверица и веднаш стана хит во светот на фудбалот.

„Имам 25 монети. Ги фрлам во вис. Тие кои ќе останат на столот, тие ќе играат. Тие кои ќе паднат на подот одат на клупа. Баш така. Во текот на неделата се забавувам. Секој ден сум во ноќни клубови во Истанбул, А, тогаш кога ќе дојде време да го бирам тимот, фрлам монети со лицето на играчите. Тие 11 кои ќе останат на столот, тие играат… едноставно е“, одговори Мурињо.

Се вчитува...