Португалскиот стратег Жозе Мурињо би можел да се врати во Премиер – лигата и да го преземе составот на Тотенхем, најавуваат медиумите на Островот. Тој треба да го замени Маурисио Покетино кој има многу лош старт на сезоната со лондонскиот клуб. Доколку не успее да оствари триумф и против Вотфорд претстојниов викенд, многу голема е веројатноста Тотенхем да се одлучи да му даде отказ.
Мурињо во Англија ги предводеше Челси и Манчестер Јунајтед, а без работа е од крајот на 2018 година кога замина од „Олд Трафорд“. Во моментов тој е стручен аналитичар на „Скај Спортс“ за натпреварите од Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА