Европското првенство почнува во петок со натпреварот Германија – Шкотска. Според обложувалниците најголем фаворит за освојување на златото е репрезентацијата на Англија, но Жозе Мурињо не се сложува со прогнозите.
„Специјалниот“ како прв фаворит за освојување на пехарот гледа во неговата татковина Португалија. Новиот тренер на Фенербахче смета дека во финалето Португалија ќе ја победи Англија.
Мурињо исто така кажа дека наградата најдобар стрелец ќе му припадне на Хари Кејн, а за најдобар играч на Џуд Белингем.
Исто така прогнозираше кој ќе ја освои Златната топка, односно дека таа ќе му припадне на Винициус Жуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА