Мурињо „го резервира“ младиот Свилар за Манчестер јунајтед

Младиот српски голман на голот на Бенфика, Миле Свилар во двата натпревари во Лигата на шампионите против Манчестер јунатед урна неколку рекорди, но најважно од се – го импресионира Жозе Мурињо. Португалецот сака да го донесе 18-годишниот Свилар на „Олд Трафорд“ и според пишувањето на португалските медиуми, голманот на Бенфика веќе е „резервиран“.

На првиот натпревар против Манчестер јунајтед во Лисабон, Свилар го урна 18 години стариот рекорд на Икер Касиљас и со 18 години и 52 дена стана најмлад голман во Лигата на шампионите. На вториот меч на „Олд Трафорд“ му го одбрани пеналот на Мартиал и стана најмлад голман што успеал да го направи тоа во ЛШ. Иако Бенфика загуби и во двата натпревари, а Свилар повеќе несреќно, прими три гола, сепак, со своите бравурозни одбрани и со самодовербата што ја има, младиот голман го импресионира Жозе Мурињо.

Малиот е ѕвер. Ќе биде голем голман“ – изјави Мурињо по натпреварот во Лисабон.

После дуелот на „Олд Трафорд“, Португалецот веќе презел и конкретни чекори и разговарал со претседателот на Бенфика, Луис Филипе Виеира, за потенцијален трансфер на Свилар во Манчестер јунајтед. Од младиот Свилар воодушевен е и легендарниот Боби Чарлтон и според пишувањето на португалскиот медиуми, Србинот веќе е „резервиран“ за Манчестер јунајтед.

svilar murinjo

Миле Свилар  кариерата ја почна во Андерлехт. Во Бенфика стигна минатото лето за 2,5 милиони евра и потпиша петгодишен договор со португалскиот клуб. Младиот голман е роден во Антверпен, мајка му е Белгијка, а татко му е поранешниот српски голман Ратко Силар. Тој настапуваше за репрезентацијата на Белгија во младинските категории (У15 и У19), но Српскиот фудбалски сојуз (ФСС) настојува Свилар да стане репрезентативец на Србија.

„Се работи за голем талент кој наскоро ќе го облече дресот на Србија. Моментно сме во постојан контакт со неговиот татко. Свилар има голем потенцијал и претставува убава иднина за српскиот фудбал“ – изјави спортскиот директор на ФСС.

Интересно е дека, младиот Миле Свилар може да игра и за репрезентацијата на БиХ бидејќи неговата мајка е родена во Сараево.

Се вчитува...