Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед веќе размислува и за новата сезона. Менаџерот Жозе Мурињо планира да го доведе својот сонародник Андре Гомеш на „Олд трафорд“, за да ја пополни дупката што ќе се отвори со заминувањето на Маруан Фелаини. На Белгиецот му истекува договорот на лето, а веќе ја одби понудата за продолжување на соработката.
Јунајтед е подготвен да плати 35 милиони фунти за Андре Гомеш, кој е на излезна врата од Барселона. Тој ретко добива шанса за настап од тренерот Ернесто Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА