Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ќе се обиде да пазари од актуелниот европски и светски клупски првак Реал Мадрид. Менаџерот Жозе Мурињо, кој во минатото седеше на клупата на „Сантијаго Бернабеу“ посакува да го доведе во таборот на „црвените ѓаволи“ хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ. Тој е подготвен да понуди 30 милиони евра во јануари, и да го засили својот тим со 23-годишниот играч за врска.
Ковачиќ би можек да биде замената за Хенрик Мхитарјан, кој најверојатно ќе го напушти „Олд трафорд“, откако не ги исполни очекувањата на португалскиот стратег. Хрватот е одличен плејмејкер, но исто така многу подобро делува и во фазата на одбрана, што Мурињо посебно го цени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА