Мурињо го сака проблематичниот бек на ПСЖ

Во комплетирањето на Манчестер јунајтед за следната сезона, Жозе Мурињо освен напаѓач бара и сигурен дефанзивец. На таа позиција Португалецот сака во својот тим да го донесе контраверзниот бек на ПСЖ, Серж Орие.

Според француските медиуми, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, веќе ја договорил соработката со „црвените ѓаволи“. Орие на „Олд Трафорт“ би требало да пристигне како замена за 31-годишниот Антонио Валенсија кој е прекомандуван од десно крило на десен бек.

Орие со ПСЖ има договор до крајот на сезоната во 2019, но парискиот тим е подготвен да го продаде доколку добие соодветна понуда.

Се вчитува...