Португалскиот стратег Жозе Мурињо на лето сака да пазари од својот поранешен клуб Реал Мадрид. Тој се надева дека ќе успее да го доведе германскиот интернационалец Тони Крос на „„Олд трафорд“. Со тоа ќе го продолжи реновирањето на средниот ред во својот тим, подготвувајќи го за освојување на титулата во Лигата на шампионите.
Мурињо процени дека на Манчестер јунајтед му се потребни фудбалери кои веќе имаат доволно искуство со освојување на трофејот во ЛШ, па токму затоа го посакува Германецот на „Олд трафорд“. Раководството на клубот е подготвено да плати 30 милиони евра за да го добие Крос по завршувањето на оваа сезона. Но, тој има актуелен договор со „кралскиот клуб“ до 2021 година, и прашање е дали Реал Мадрид ќе се сложи на продажба за таква сума.
Крос заедно со Лука Модриќ и со Кашемиро, се клучните алки во средниот ред на составот на Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА