Мурињо го врати Бејл од загревање на клупата, Велшанецот шокиран… (ФОТО)

Тотенхем го запиша и третиот пораз во низа во Премиерлигата, овој пат од Челси минимално со 0-1.

Но, по мечот во центарот на вниманието беше Герет Бејл на кого Жозе Мурињо ниту синоќа не му даде шанса. Иако го пушти на загревање, интересно Мурињо во 69. минута му даде знак на Велшанецот дека не мора повеќе да се загрева, и може да се врати на клупата.

Очигледно тоа не му се допадна на Бејл за што покажува неговата реакција. Бејл „побегна“ од Реал Мадрид за да не биде на клупата, но во Лондон го снајде истата судбина.

Се вчитува...