Заминувањето на нашиот Един Џеко во Интер е секако најзвучниот настан во редовите на „Волчицата“. Абрахам од Челси пристигна во Рим, Руи Патрисио и Елдор Шомуродов исто така потпишаа со Рома, додека Хавиер Пасторе доби зелено светло да бара нов клуб од следната сезона.
Мурињо очигледно има голема конкуренција во својот тим, но дефинитивно нема да има трпение за бунтовниците. Португалскиот стручњак испрати тројца фудбалери да се „разладат“, а тоа се Нзонзи, Сантон и Фацио, бидејќи ги отфрлија понудите да ја напуштат Рома, што дополнително би ја олеснило касата на клубот.
Нзонзи ги одби понудите од Монпелје и Бордо, Фацио не беше заинтересиран за понудите на Кадиз, додека Сантон одби да се приклучи на редовите на Венеција. Поради ваквите одлуки, споменатото трио беше исклучено од тимот по одлука на Мурињо и ќе тренира одделно, додека клубот исто така ќе реагира и приходите на играчите ќе бидат намалени од сегашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА