Манчестер јунајтед го совлада лидерот Челси на „Олд трафорд“ со 2-0 и го направи суперинтересен финишот во Премиер – лигата. Мурињо успеа да го надмудри Антонио Конте, а од овој нивен пораз можеби најмногу профитираше Тотенхем, кој сега има само четири бода негатива во трката за шампионската титула, пред последните шест натпревари од шампионатот. Со овој триумф и „црвените ѓаволи“ си ги зголемија шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Мурињо го изненади Конте со Маркус Рашфорд како најистурен во нападот, оставајќи го Златан Ибрахимовиќ на клупата за резерви. Токму Рашфорд уште во седмата минута го отвори резултатот, откако беше одлично проигран од Андер Херера. Но, останува фактот дека Шпанецот играше со рака пред да ја освои топката, а во продолжение од акцијата беше затресена мрежата на Челси.
Херера беше стрелец на вториот гол за Манчестер јунајтед во 49.минута. Челси немаше соодветен одговор и не упати ниту еден директен шут во рамките на голот на Де Хеа.
1-0 Marcus Rashford Goal 16.04.2017 HD by footballderby2-0 Ander Herrera Goal 16.04.2017 HD by dailyfootballkick
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА