Португалскиот стратег Жозе Мурињо по разделбата од Манчестер Јунајтед преку соопштение се збогува со фановите, истакнувајќи дека е горд што бил дел од славната историја на клубот од „Олд Трафорд“. Тој потенцираше дека нема да коментира ништо за своите поранешни колеги и побара од медиумите да ја почитуваат неговата приватност додека е надвор од фудбалот.
„Неизмерно сум горд што бев дел од Манчестер јунајтед, така е уште од првиот ден кога пристигнав и мислам дека навивачите на тимот тоа го препознаваа. Работев со големи професионалци, прекрасни луѓе и дел од нив ќе ми бидат пријатели за цел живот. Мислам дека сите ги знаат моите професионални стандарди, јас максимално ги респектирам средините каде што сум работел и нема да коментирам ништо за моите поранешни колеги. Истот така би сакал медиумите да ја почитуваат мојата приватност се додека не се вратам на фудбалот. Среќен Божиќ“, се вели во сопштението на Жозе Мурињо до јавноста.
Португалецот за прекинот на соработката ќе добие 24 милиони фунти отштета, а негов наследник е Оле Гунар Солскјер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА